Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Разбојништво“, полициската станица од Струга против П.Д. (37) од струшкото село Радолишта поднесе кривична пријава. Него основниот суд во Струга му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Со кривичната пријава опфатени се и други четири, засега непознати лица.
Пријавените, на 3о-ти минатиот месец во 18 часот и 30 минути, го извршиле казненото дело при што од златарата „Циркон“ лоцирана на улицата „Маршал Тито“ во Струга, одзеле поголема количина на злато и златен накит во вредност, според кажување на сопственикот на златарата од околу 420.000,оо евра. Тие со употреба на сила, закана и огнено оружје непосредно нападнале врз животот и телото на лицата Б.С. (40), Е.Џ. (30) и Р.К. (42) сите од Струга вработени во Златарата “Циркон”.
Неколку дена пред извршувањето на делото, сега притворениот П.Д. од лице од Радолишта купил патничко моторно возило марка „Ауди-100“ без регистарски таблици. Тој побарал да бидат извршени неколку измени-сечење кај задното седиште, отстранување на плочката и бројките од шасијата, отстранување на каишите за врзување, затемнување со црн спреј на стаклата од автомобилот како и ставање на лажни регистарски таблици.
Ова патничко возило со кое сторителите, по извршеното разбојништво избегале по улицата „27 март“ во Струга, околу 02 часот е пронајдено кај месноста „Руенски ливади“ во атарот на селото Мали Влај во близина на македонско-албанската граница. На оддалеченост од околу 3 км. во правец од с.Вишни према с.Мали Влај на планинскиот пат кон караула Три Шилка, пронајдени се неколку опаковки со златни предмети.
Притворениот П.Д. е лице познат на службата против кого, по слични основи биле поднесувани кривични пријави.