ОБСЕ: Неопходно е смирување на тензиите во Украина

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска предупреди дека ситуацијата во источниот и јужниот дел на Украина во изминатите 24 часа е влошена и ги повика сите страни на воздржаност.

Во насилствата во регионот загинаа неколку десетици луѓе, додека над 100 се повредени.

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Украина, Ертугрул Апакан изрази жалење за жртвите во Одеса и ги повика сите страни во конфликтот на воздржаност со цел да се избегне крвопролевање, а несогласувањата да се решат по мирен пат, се наведува во соопштението на шефот на ОБСЕ.

„Неопходно е смирување на тензиите“, изјави Апакан. Специјалната набљудувачка мисија е овдe да ја промовираа таа цел. Овде сме да помогнеме на народот на Украина.

Извор: Нет Прес