Победа на Ворскла Полтава во гости, Јаховиќ солиден

Тимот на Ворскла Полтава забележа минимална победа од 1:0 на гостувањето против Металург Запорожје.

Нашиот репрезентативец Адис Јаховиќ повторно прикажа одлична игра. Најчесто акциите одеа преку него, а така беше и во 55-та минута кога неговиот удар беше блокиран, а одбиената топка среќно стигна до Бараник кој го постигна победоносниот гол.

Ворскла Полтава е на 7-то место и заостанува со 4 бодови зад 5-то место – позиција во Украинската Премиер лига која води до пласман во УЕФА Европа Лигата.

WebOhrid