Пронајдена дрога кај охриѓанец и кај лице од Велес

На 04.10.2016 година во 21.50 часот на ул. „Марко Несторовски“ во Охрид во такси возило, управувано од Г.Н. (33) од Охрид, било затекнато и лицето Д.Д. (26) од Велес, а со постојано живеалиште во Охрид.

Врз двајцата бил извршен преглед при што кај Д.Д. биле пронајдени едно најлонско пакување со непозната растителна материја, една кутија со цигари во која имало и една рачно изработена цигара од непозната растителна материја и едно целофанско пакување со непозната растителна материја. Веднаш потоа лицето било приведено. Истиот ден врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Д.Д..

При претресот биле пронајдени и со потврда за одземени предмети биле одземени следниве предмети: едно најлонско пакување со непозната раститена материја, едно целофанско пакување со непозната растителна материја, остатоци од непозната растителна материја на трпезариска маса и една целофанска кесичка со траги од непозната тревкаста материја. По извршениот разговор истиот бил пуштен и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.