Алпинистката Илина Арсова го посети ОУ „Свети Климент Охридски“

Првата жена алпинистка од нашиот регион која има освоено многу светски врвови, но и  првата македонка што се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест деновиве го посети ОУ „Свети Климент Охридски“.

Илина Арсова, уметник и истакнат спортист беше гостин во нашето училиште. Пред учениците ја раскажа својата приказна исполнета со смели подвизи. Таа е првата жена од Македонија која се искачи на Монт Еверест. Со гордост ја истакна својата желба дека отсекогаш сакала да се искачи на овој врв. Тоа не го смета како личен предизвик, туку и како порака до сите амбициозни жени да не се двоумат во поставувањето на своите цели, бидејќи таа со силна волја, упорност и напорна работа ги исполни. “– вели директорот на ОУ„Св.Климент Охридски“, Јордан Пуроски.
DSC01796
Директорот Пуроски вели дека нејзината презентација наиде на голем восхит од учениците, кои љубопитно и поставувале прашања.

„Најмногу интерес пројавија за подготовките, времетраењето на експедицијата и со какви препреки се справувала на патот до целта. Протекоа прекрасни минути со топол разговор и дружење во кое имаше што да се слушне и што да се види. Секоја чест, Илина!“-додаде Пуроски.  

DSC01820