Утре, 7-ми мај, во просториите на Општина Дебарца со почеток во 11 часот ќе се одржи јавна расправа за Студијата за ОВЖС на проектот „Изградба на интерконективен надземен вод 400KV ТС Битола 2 – македонско-албанска граница и ТС 400/110 KV Охрид“.
Јавната расправа е организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и МЕПСО заедно со консултантот кои ќе ги презентираат оправданоста на проектот и Студијата за ОВЖС.
Сите заинтересирани жители на општина Дебарца може да присуствуваат на јавната расправа, а од особено значење е за жителите од с.Волино каде ќе минува коридорот на далноводот.
Инвеститорот АД Македонски електропреносен систем оператор – АД МЕПСО – Скопје ја достави Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за овој проект и истата е достапна за увид.