Општина Охрид – град партнер на третиот меѓународен саем за вино и туризам „Жупа 2014“ во Александровац – Р.Србија

Во рамките на третиот Меѓународен саем за вино кој се одржа на втори и трети мај, во организација на Оштина Александровац, и оваа година Општина Охрид учествуваше како град партнер.  

На саемот Општина Охрид ja претстави богатата туристичка понуда,  квалитетните вина на локалните винарии, како и дел од вкусните и мајсторски приготвени специјалитети на домашните производители на прехрамбени производи.

Претставниците на Општина Охрид со претставници на Општина Александровац, разменаа Меморандум за соработка и партнерство, со цел поттикнување на меѓусебнатапромоција на туризмот и услугите како и унапредување на деловната соработка помеѓу локалните стопанственици.

saem_Zupa_2014_4851_cr

Во знак за успешна соработка помеѓу двете општини од страна на Градоначалникот на Општина Александровац, Југослав Стајковац на делегацијата на Општина Охрид и беше доделена Благодарница за учество на саемот и досегашната меѓусебна соработка.

Вториот ден од саемот беше наменет за посебна промоција на Општина Охрид во рамките на која градот Охрид беше промовиран пред присутните гости, при што беше извршена дегустацијата на вино која побуди голем интерес кај гостите на саемот.

Oд страна на бројните туроператори, туристички агенции и новинари присутни на саемот, беше пројавен голем интерес за богатата туристичка понуда како и за квалитетните вина на локалните винарии од охридскиот регион, а воедно поголем број на телевизии и пишани медиуми направија прилози за Охрид.