На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
По тој повод и под мотото „Мојата приказна во Црвениот крст“ Црвен крст Охрид организира повеќе активности:
– утре,8 мај (четврток) Отворен ИНФО ДЕН – прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предшколските установи во Охрид, но и можност за сите заинтересирани преку промотивни материјали и презентации од страна на волонтерите на Црвен крст Охрид да се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст и активностите на Црвен крст Охрид.
– 08 мај (четврток) Делегација на Црвен крст Охрид, Општина Охрид и Здружението Анри Динан од Струга ќе положат свежо цвеќе на бистата на Анри Динан во Охрид (пред седиштето на Црвениот крст).
-08 мај (четврток) Центар за култура Григор Прличев – Охрид, втора изложба на Арс Вивенди Клубот на уметници кој делува во рамки на Црвен крст Охрид
– 09 мај (петок) на Градскот Плоштад, јавна промоција на програмата и активностите на Црвен крстОхрид во рамки на одбележувањето на Денот на Европа
– 11 мај (недела) на потегот од плоштадот Св. Климент Охридски до СРЦ Билјанини Извори, на повеќе пунктови ќе се реализира 43-от Општински натпревар по прва медицинска помош
– 15 мај (среда) с. Белчишта, Општина Дебарца заеднички хепенинг, спортски и културно забавни содржини на Црвен крст Охрид и Општина Дебарца
– Од 8 мај до 5 декември 2014 Кампања „Мојата приказна во Црвениот крст“.