СВР Охрид со низа свечености ќе го одбележи Денот на македонската полиција

Со низа свечености, СВР Охрид денес ќе го одбележи 7 мај – Денот на македонската полиција. Одбележувањето ќе биде работно, скромно и достојно на функцијата, односно надлежностите на полицијата.

Предвидена е посета на претставници на СВР Охрид на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ каде ќе биде промовиран проектот „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“, посета на СВР Охрид ќе остварат учениците од македонските, албанските и турските паралелки од ОУ „Братство“. За нив во кругот на против-пожарната едницица, на сообраќаен полигон ќе биде изведен сообраќаен час и презентација на дел од материјално-техничките средства на СВР Охрид.

Во текот на денот претставници на СВР Охрид, во локалната самоуправа ќе остварат средба со градоначалникот Никола Бакрачески кој на најдобриот полицаец ќе му додели пригодна награда. 

Во големата сала на СВР Охрид над против-пожарната единица, предвиден е свечен прием и средба со градоначалниците и со останати претставници на општините Охрид и Дебрца, со претставници на охридскиот Основен суд и Јавното обвинителство, со претставници на подрачните единици на министерствата, претставници на средношколските центри, на оделението за одбрана и на Армијата на Република Македонија, на царинската управа, на јавните претпријатија, Црвениот крст, на пензионерската организација и пензинирани работници на СВР Охрид, претставници на медиумите и невладините организации како и со други институции со кои СВР Охрид оставрува работни контакти и координација во текот  на годината.