Утре, 8 мај (четврток) со почеток во 20 часот на спортскиот стадион „Билјанини Извори“ со свечено отварање ќе започне „Гимнизијадата“ која во Охрид ќе се одржи од осми до десетти мај.
На настанот, кој за прв пат ќе се одржи во нашиот град ќе продефелираат повеќе од 1000 ученици-учесници, а ќе се натпреваруваат во екипните спортови голем и мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и атлетика.
Организациониот одбор ги повикува сите граѓани на Охрид да присуствуваат на настанот, кој ќе ја одбележи 2014 година.