Охрид подготвен за најголемото македонско oро

На 10-ти Мај, од Охрид до Струга ќе се игра најголемото македонско традиционално оро во светот. Во него ќе учествуваат 18.000 лица, а е во организација на НУ „Танец“ и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со што ќе се направи обид Македонија да се внесе во Гинисовата книга на рекорди.

Охрид е веќе подготвен за прием на учесниците. Покрај локалната самоуправа и СВР Охрид активно се вклучува во организација на проектот „Македонија за Гинис – Најголемото Македонско Оро“.
Граѓаните и туристите кои во сабота ќе бидат присутни во Охрид, ќе го заиграат македонското традиционално оро за Гинис. 
Броевите за пријавување се уште се отворени за сите граѓани кои сакаат да учествуваат во орото. Граѓаните можат да се пријават секој ден од 10 до 16 часот на следните телефонски броеви : 078 988 998, 075 888 400 и 072 636 307 или по електронски пат на веб страницата mkzaginis.mk и на фејсбук страницата Македонија за Гинис. 
Интересот за учество во орото е огромен, како од организирани групи учесници, така и од поединци.