Поблиска соработка помеѓу Охрид и Банско

Заменик градоначалникот Ангел Јанев денес имаше протоколарна средба со Градоначалникот на Банско Георги Икономов и неговиот заменик Александар Матсурев. На средбата беа разменети првичните идеи за збратимување или воспоставување официјални контакти  за соработка меѓу  Охрид и Банско.

Со гостите од Бугарија се разговараше за можностите  двете општини да соработуваат на полето на туризмот, спортот културата како и многу други стопански гранки.

Тие ги поздравија учесниците на „Гимназијадата 2014“ и „Македонското оро за гинис“ што деновиве се случуваат во Охрид, а со воодушевување слушаа и за музичкиот фестивал со светско реноме “Охридско Лето“, како и за другите културни понуди на  Охрид  во лето.   

Банско во Охрид е познат по зимските туристички понуди но многу малку се знае  за  нивната културна понуди  неколкуте фолклорни и познатиот меѓународен џез фестивал што се одржува во август.

Двете страни се договорија на наредна средба  да се преземат конкретни чекори за воспоставување на трајна  соработка  во повеќе области  меѓу Охрид и Банско.