Општина Охрид активно учествува на различни настани од европската недела на културата во Италија. Како резултат на унапредувањето на соработката со општина Исео од Италија, општина Охрид учествува во одбележувањето на денот на Европа во Исео, заедно со европските партнери од различни европски држави. На конференцијата посветена на денот на Европа на 8ми и 9ти Мај, претставник од општина Охрид и три средношколци од ОСУ „ Св. Климент Охридски“ – Охрид, учествуваа на Конференцијата во рамките на програмата „Europe for citizens“. Оваа конференција е во рамките на иницијативата IRIS (4 земји Италија – Исео, Македонија – Охрид, Блед од Словенија и Тамсвег од Австрија).
На 10ти Мај градоначалникот Никола Бакрачески ќе се обрати на првиот глобален состанок и креирањето на европската мрежа на градови со езера. Покрај градоначалникот, во составот на делегацијата се претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска и Антонио Балески од Секторот за туризам и локален економски развој.
После формирањето на европската мрежа на градови со езера, следува свечено отворање на 5-тото издание на Фестивалот на езерата од Италија и Европа во центарот на Исео.
Секторот за туризам и локален економски развој е организатор на активностите за унапредување на соработката со Италија и креирање на европската мрежа на градови со езера, заедно со останатите европски партнери.