На 8 и 9 мај, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов е во работна посета на Австрија, Виена при што најнапред оствари средба со сојузниот министер за труд, социјала и заштита на потрошувачи Рудолф Хундсторфер со кој што разговараа и разменија мислења на повеќе теми. При тоа, акцент ставија на размена на искуство околу квотниот систем за вработување на инвалиди во Австрија, еднаквоста и професионалната интеграција на луѓе со пречки во развојот, вработувањето на младите, како и на активните политики на пазарот на труд за лица, кои се во опасност од дискриминација.
Покрај ова министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов оствари средби со претставниците на австриската Агенција за вработување и на Виенското координативно тело за млади, образование и вработување при што меѓусебно се информираа за проектите коишто двете држави ги спроведуваат за обука и вработување на млади. При тоа, Спасов беше запознаен со координирањето во областа на обуката и вработувањето на младите во Виена, со коучингот на млади и образование, а беа презентирани и актуелни проекти од сојузната служба за социјала во Виена.