Ѓорѓи Скепароски наименуван за нов претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Дебарца

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од општина Дебрца, соопштуваат дека извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го наименува Ѓорѓи Скепароски од с.Волино вработен во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ како професор по спорт и спортски активности, за нов Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за општина Дебрца. Со овој избор се најавува продолжување на успешното функционирање на овој Општински комитет.