ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ ја продолжи соработката со збратименото училиште од Крагујевац

Наредните три дена во посета на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ ќе бидат ученици и наставници од збратименото училиште „Тоза Драговиќ“ од Крагуевац, Република Србија. Гостите беа пречекани во училиштето со пригодна програма.

„Ваквите средби се една убава можност да се зацврстат врските за мир и пријателство, да се воспостави чувство за љубов, братство, солидарност и соработка, како и споделување на културните и историските богатства меѓу нашите училишта, професори и ученици“, рече директорот Јане Цаноски во својот поздравен говор.

EMUC_pobratimeni_4852