На денеска одржаниот, 43-ти по ред општински натпревар по прва медицинска помош, во организација на Црвен крст Охрид на кој стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош ги покажаа преку триста ученици од сите основни и средни училишта од Охрид и Дебарца, организирани во екипи младина (средни училишта) и подмладок (основни училишта), најуспешна беше екипата од Средното медицинско училиште во категорија младина која ќе учествува на Државниот натпревар по прва помош во септември 2014, а во категоријата подмладок, најуспешна беше екипата на основното училиште Братство. Единствен е впечатокот и заклучокот дека победници на овој и сите досегашни натпревари по прва помош се сите оние кои се стекнале со основните знаења, вештини и техники за указување прва помос и се оспособени да помогнат на оној кој е во неволја и има потреба од помош и спасат живот.
Од Црвениот крст Охрид изразуваат голема благодарност до наставниците, професорите-менторите од основните и средните училишта од Охрид и Дебарца, за кои како што велат неуморно работеа со своите екипи. Исто така изразуваат и голема благодарност до волонтерите на Црвен крст Охрид, тимовите за шминкање, актерите и сите поединци и фирми кои го помогнаа одржувањето на општинскиот натпревар по прва помош, а посебна благодарност изразуваат до медиумите.