Конгресот на СДСМ едногласно го усвои Извештајот за претседателските и парламентарните избори 2014 година.
Со одлуката, највисокото тело на СДСМ едногласно ги потврди одлуките на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ за непризнавање на изборниот процес и неприфаќање на мандатите за пратеници. Конгресот на СДСМ, застана зад оценката за нерегуларни избори и системски грабеж на изборите од страна на режимската власт Никола Груевски.
Со вечерашната одлука Конгресот поддржа продолжување на активностите на СДСМ кон создавање услови за спроведување фер и демократски избори и функционални институции коишто неселективно ќе се справуваат со криминалот и корупцијата во Македонија, посебно кога доаѓаат директно од врвот на власта.
Извор: www.sdsm.org.mk