Викендов се одржа државното првенство во стрелаштво

Со Државното првенство што се одржа на 10 мај на стрелиштата во Корчагин и Кисела Вода во Скопје, завршија и овогодинешните натпревари во стрелаштво во национална програма.

Од охридските клубови настапија само 7 стрелци и тоа 4 пионери и 3 сениори. Најдобро пласирани беа Димитар Патчев од ЖСК „Лихнидос“ кој заврши на втората позција со резултат од 162 кругови, додека Виктор Димоски со резултат од 160 круга се пласира на третата позиција. На ова првенство за првпат настапија Наумоски Цветко и Боризов Мартин кој постигнаа резултати од 147 односно 114 кругови.