Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во март 2014 година изнесува 729 769 илјади денари што претставува зголемување за 24.7% во споредба со март 2013 година.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 76.8%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 26.7%.
Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај: житата, индустриските и градинарските растенија, млечните производи и рибата, додека намалување се забележува кај: овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млекото.