Работнички ја освои шампионската титула во Првата МФЛ

Работнички ја освои шампионската титула за сезоната 2013/2014 во Првата Македонска Фудбалска Лига. Работнички го победи Еуромилк со 2:0 со головите на Маневски во 66-та и 86-та минута.

Ова е четврта шампионска титула во клупската историја на Работнички. Оваа сезона Работнички освои двојна круна, откако пред неколку дена го освои и Купот на Македонија.

На останатите натпревари од претпоследното коло од Првата МФЛ беа постигнати беа следните резултати:

Гостивар  2-3  Напредок

Металург  1-2  Шкендија

Пелистер  1-1  Брегалница

Работнички  2-0  Еуромилк

Ренова  4-2  Македонија ЃП

Вардар  2-1  Турново

Последното коло се игра во недела (18 мај).

WebOhrid