Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид и Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделството, информираат дека е објавен јавен повик 02/2014 и 03/2014 за доставување на барања за користење на средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година.
Во мерката 121 предвидени се средства за инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства, набавка на добиток од признати организации на одгледувачи на добиток од Република Македонија, набавка на пчелни матици од регистрирано одгледувалиште, подигнување на нови лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини и набавување на опрема за систем капка по капка за пченка и фуражни култури и бунари за наводнување.
Во мерката 112 предвидени се средства за помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност.
Право на користење на средствата имаат Земјоделски стопанства, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за земјоделство и рурален развој.
Крајниот рок за доставување на барањата за финансиска поддршка е до 30.06.2014 година, односно 01.07.2014 година.
Подетални информации заинтересираните можат да добијат на тел. 02 3097-460 , на веб страната www.ipardpa.gov.mk или на телефонот 046-230-175 во Секторот ТЛЕР- Канцеларија за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделство при Општина Охрид.