Општина Охрид отвори линија за анонимно пријавување на мито и корупција

Поради подобрување на ефикасноста и одговорноста на општинската администрација, општина Охрид отвори телефонска линија и електорнска адреса за анонимно пријавување на мито и корупција. 

Граѓаните тоа ќе можат да го направат со пријава на телефонскиот број 046/262-469 или можат да поднесат анонимна пријава и по електронски пат преку веб–страната на општина Охрид или со испаќање e-mail на следнава адреса: prijavikorupcija@ohrid.gov.mk.