Кривична пријава за скопјанец кој украл мобилен телефон

Поради постоење основи на сомнение за сторенo казненo дело „кражба”, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Б.К. (33) од Скопје. Со намера противправно да присвои туѓи предмети, пријавениот, казненото дело го сторил во згодна прилика со бесправно одземање на мобилен телефон марка „Ајфон 6“ од ресторантот „Мекиците на Стража“ на превојот „Стража“. Б.К. искористил момент на невнимание на оштетениот и во погоден момент го одзел мобилниот телефон оставен на една од масите каде бил со неговото семејство.

повеќе...

T-Home и T-Mobile продолжуваат под еден бренд – Телеком

Отсега на македонскиот пазар ќе биде препознатлив само еден бренд – брендот Телеком. Брендовите Т-Home и T-Mobile згаснуваат. Под брендот Телеком ќе се нуди целото портфолио на услуги од Македонски Телеком, наменето за приватни и деловни корисници. Наскоро, компанијата го воведува новиот концепт на интегрирана понуда – Magenta 1, кој ги задоволува комуникациски потреби на целото семејство, дома и во движeње. Македонски Телеком ги згаснува двата продуктни бренда Т-Home и T-Mobile и воведува еден бренд – Телеком, под чија капа компанијата ќе продолжи да го нуди целото свое портфолио на…

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец поради производство и дистрибуција на детска порнографија

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (18) од Кичево. Пријавениот, во текот на септември, октомври и ноември 2014 година, со својот мобилен телефон снимил, зачувал, а потоа дистрибуирал фотографии и видео материјал со порнографска содржина од неговата малолетна девојка. Тој откако на различни локации во Кичево го снимил порнографскиот материјал, преку програмите за Интернет комуникација WhatsApp и Viber ги дистрибуирал до поголем број сопственици на мобилни апарати и ученици во средното училиште…

повеќе...

Тешка кражба во продавница за мобилни телефони во Струга

Засега непознат сторител извршил тешка кражба во продавницата за продажба и сервисирање на мобилни телефони „Дени мобил“ во Струга. Тој бесправно одзел околу сто мобилни телефони од различни марки донесени на поправка како и нови два мобилни телефони марка „Ајфон-5-С“, три мобилни телефони марка „Ајфон-4-С“, еден мобилен телефон марка „ЛГ-Ф-50“, еден мобилен телефон марка „Сони Ериксон-СТ-26“ и еден лап-топ марка „Ацер“. Кражбата во продавницата лоцирана на улицата „27 март“ во Струга е извршена во периодот од 22 часот на 15-ти до 08 часот на 16-ти март оваа година со кршење…

повеќе...

Потпишана Спогодба за намалување на цените на услугите во роамингот

Во Будва денеска беше потпишана Спогодбата за намалување на цените на услугите во роамингот во јавните мобилни комуникациски мрежи, склучена помеѓу министерствата надлежни за работите од областа на електронските комуникации на Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Во име на Република Македонија таа беше потпишана од страна на заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска. Нејзината реализација ќе ја координира тело основано од претставници на регулаторите на државите потписнички. Спогодбата е отворена, што значи дека во иднина, секоја заинтересирана земја, која не е опфатена со…

повеќе...

Општина Охрид отвори линија за анонимно пријавување на мито и корупција

Поради подобрување на ефикасноста и одговорноста на општинската администрација, општина Охрид отвори телефонска линија и електорнска адреса за анонимно пријавување на мито и корупција.  Граѓаните тоа ќе можат да го направат со пријава на телефонскиот број 046/262-469 или можат да поднесат анонимна пријава и по електронски пат преку веб–страната на општина Охрид или со испаќање e-mail на следнава адреса: prijavikorupcija@ohrid.gov.mk.

повеќе...

Јавните телефонски говорници одамна заборавени

Јавните телефонски говорници одамна се заборавени. Ги има, постојат, ама како да не постојат. Тука се во централното градско подрачје: по „Партизански одреди“, „Димитар Влахов“, „Јане Сандански“… Ги има, а во нив најмногу што има е прашина напластена со години, од времето на првите мобилни во Македонија, а можеби и од порано, зашто голем дел од овие говорници и во времето кога беа во мода долго време не беа функционални, „благодарение“ на вандалите. Граѓаните реагираа на ваквата состојба и бараа од надлежните да ги отстранат овие некогаш модерни и убави, а…

повеќе...

Во вторник ќе се одржи четвртиот интернационален Фестивал на филмови снимени со мобилен телефон

Четвртиот Интернационален Фестивал на филмови снимени со мобилен телефон Мобил Фестивал на 17-ти Декември (вторник) ќе се одржи и во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 20:00 часот во големата сала.  Фестивалот е во организација на КТ Филм и Медиа продукција од Скопје и со поддршка од Филмски Фонд на Македонија. Генерални партнери на фестивалот се T-Mobile и T-Home. Мобил Фестивал како и изминатите години патува низ другите градови во Македонија, на фестивалот има 2 програми, натпреварувачка и ревијална, инаку фестивалот е интернационален и има…

повеќе...

Ивановски го промовираше проектот Е-потсетник

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес го претстави проектот Е-потсетник, како систем во облик на веб базирано решение, кој им овозможува на граѓаните добивање информации за услуги од различни институции. Со проектот Е-потсетник на веб апликацијата www.e-potsetnik.mk, се воведува систем кој преку СМС пораки и електронска пошта, ќе испраќа известувања, односно потсетници до граѓаните и фирмите во случаи: на наближување на рокот на важноста на одредени документи, кога бараниот документ е подготвен, при воведување на нови услуги и други слични случаи. „Станува збор за автоматизирано праќање на…

повеќе...