По налог на општинскиот инспекторат ЈП „Охридски Комуналец“ изврши расчистување на просторот во населбата „Крум Точко“, на потегот кај река Грашница, Лабино и станбените објекти во оваа населба.
„Просторот се расчистуваше машински, бидејќи беше обраснат со различни видови високи билки со трње, трева и депониран отпад. Целата вегетација е отстранета и просторот е расчистен.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.