Во периодот од 08,00 часот на 18.09.2015 до 19.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.792 странски државјани, од кои, 1.101 се од машки пол, 262 се од женски, 364 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 65 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.355, Авганистан –279, Ирак-100, Иран-25, Пакистан-16, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 19.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 85.064 странски државјани, од кои, 56.735 се од машки пол, 11.579 се од женски, 14.167 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.583 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-67.543, потоа Авганистан-6.587, Ирак-4.245, Пакистан-2.514 Палестина-919, Сомалија-623, Бангладеш-570, Конго-357, Иран-348, Нигерија-221, Камерун-164, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-109, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 18.09.2015 до 19.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 19.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.