Намален бројот на осудени малолетни лица – сторители на кривични дела

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители во 2013 година, во споредба со 2012 година, е намален за 3.0%. 

Во 2013 година, во споредба со 2012 година, бројот на осудените полнолетни лица е зголемен за 5.5%, а бројот на обвинетите лица, исто така, е зголемен за 8.7%. 

Бројот на пријавените малолетни лица – сторители на кривични дела во 2013 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 0.4%. 

Во 2013 година, во споредба со 2012 година, бројот на осудените малолетни лица – сторители на кривични дела е намален за 14.9%.