Поднесување барања за поставување урбана опрема – најдоцна до понеделник

Од општинскиот инспекторат апелираат до сопствениците на угостителските објекти кои се уште до инспекторатот не поднеле барање со комплетна проектна документација  за поставување урбана опрема  пред ресторанот односно кафулето, истото да го сторат  најдоцна до понеделник,19-ти мај. Во спротивно инспекторатот од понеделник ќе започне акција на подигање на нелегално поставената урбана опрема ( маси, столици)  поставена на јавни површини.

Воедно, истите се потсетуваат да го почитуваат одбележаниот простор ограничен со жолти линии до каде може да се постави урбаната опрема,  со цел да се избегне нагрдувањето на просторот и слободното движење на пешаците.