Денес се слави празникот посветен на Св. Атанасиј Велики или Танасовден (летен). По тој повод во селото Рамне, во манастирот на Св. Атанасиј Велики православните верници палеа свеќи, со желба за подобро здравје и среќа.
Како секоја година, така и оваа стариот кум Зоран Лекоски даде ручек на присутните верници, а потоа крстот му го предаде на новиот кум Бранко Ристески, кој треба наредната година тој да го слави Св. Атанасиј или Танасовден (зимски),кој се празнува на 31 јануари.
Ангелче Андриоски