Зголемено производството на шумски производи во државните шуми

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2014 година, во однос на првото тримесечје од 2013 година, е зголемено за 38.3%. 

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни и иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови. 

Намалување на шумското производство е забележано кај другото обло дрво од иглолисни, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови.