Меѓународен ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот

Децата и младите низ светот имаат можност да ја обликуваат својата иднина благодарение на помошта од детските линии за помош. На 17 мај, Меѓународниот ден на детските линии за помош, е денот кога детските линии за помош низ светот ќе одржат прослави и настани за да ја истакнат својата работа и постигнувања. Овогодинешната тема е „Правото да си слушнат“. Меѓународниот ден на детските линии за помош е глобален настан за детските линии за помош да привлечат внимание кон својата работа во заштитата и зајакнувањето на децата и младите. Меѓународниот ден на детските линии за помош започна во 2007 година и ќе биде прославен во 2014 година низ светот по осми последователен пат. Меѓународната детска линија за помош Child Helpline International (CHI) е глобална мрежа на детски линии за помош. Оваа мрежа вклучува 178 детски линии за помош – членки во 143 земји низ светот кои добиваат сила и поддршка една од друга.

По повод 17 – ти мај – Меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот, Првата детска амбасада во светот Меѓаши ја информира јавноста за состојбата на нашиот бесплатен СОС телефонот за деца и млади 0800 12222 а воедно и потсетува за значењето кое го имаат линиите за помош на деца.

СОС телефон за деца и млади (0800 12222) во рамките на Првата детска амбасада во светот Меѓаши континуирано работи веќе 20 години.

Од 1993 до сега:

•             Добиени се над 20.000 повици.

•             Направени се 19.700 разговори.

•             Со повеќе од 7479 деца е разговарано и понудена име дирекна помош и поддршка.

•             Разговарано е со повеќе од 3116 возрасни( родители/старатели, баби, дедовци, соседи…) кои сакале да им помогнат и да ги заштитат децата.

•             Посветени се 202.000 работни часови во помош и поддршка на децата.

•             Повеќе од 200 волонтери и волонтерки и СОС операторки и оператори се обучиле за работа на СОС телефонот за деца и млади.  Тие своето време и знаење го посветиле во насока на заштита и грижа за децата.

•             СОС телефонот за деца и млади, 0800 1 2222, е препознаен од страна на децата како втор по важност по бројот 192, според истражувањето направено од страна на БРИМА ГАЛУП во 2009 година.

. Во 2013 година на СОС телефонот за деца и млади, , се регистрирани 279 контакти , со кои подоцна дополнително сме комуницирале 969 пати.

Постојат повеќе причини зашто децата се јавуваат на СОС бесплатниот број 0800 12222. Децата претставуваат ранлива група во секое општество. Тие се инволвирани во семејните проблеми и зависни од постапките на возрасните, кои пак не секогаш свесно и правилно постапуваат со децата. И затоа линиите за помош на деца им ја даваат можноста на децата да добијат помош и да ги изразат нивните проблеми.  Функцијата на СОС телефоните е од огромно значење и важност, бидејќи тие претставуваат значаен механизам на поврзување со децата што овозможува гласот на секое момче и девојче да биде слушнато. Нивната мисија е да одговорат на детските потреби за грижа и заштита. Добро е да се знае дека од помошта/поддршката децата ги дели само еден телефонски повик.

Оваа услуга ја овозможуваат многу млади луѓе, студенти и професионалци – психолози, социјални работници, правници и сл. на волонтерска основа. Тие први се соочуваат со апелот за помош. Истовремено, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, при интервенцијата на овие случаи, соработува со Народниот Правобранител, а за одредени случаи кога е потребно ја насочува својата интервенција кон полицијата, судовите, Центрите за социјална работа, училиштата и други  релевантни институции.

 Првата Детска Амбасада во Светот Меѓаши е дел од меѓународната мрежа Child Helpline International – која ги обединува СОС сервисите за помош на деца од земји ширум целиот свет. Така, на 17 мај заедно го одбележуваме фактот што ниедно дете не е само. Досега во светот на сите СОС детски линии вкупно остварени се повеќе од 126.000.000 контакти со децата или нивните родители и најблиски за проблеми кои ги имаат децата или дојави за прекршување на некое детско право. Мотото на сите СОС линии во светот оваа година е „Правото да си слушнат“.

СОС бесплатната  линија за деца и млади 0 800 1 22 22 нуди услуги кои се од големо значење за помош на децата и заштита на нивните права, затоа сметаме дека е неопходно и од голема важност СОС телефонот за деца и млади да се хармонизира со европскиот број 116 111, за таа цел би сакале да потсетима на препораката од Коминтетот за правата на децата од Женева во која се вели:

Комитетот за правата на детето во Женева, на својата педесет и четврта седница ги разгледа извештаите поднесени од државите-членки по член 44 од Конвенцијата за правата на детето, го разгледа вториот периодичен извештај на Република Македонија(CRS/C/MKD/2) на 1508,1510 и 1512 состанок и на 11 јуни 2010 година, на својот 1514 состанок усвои неколку препораки кои ги упати до Владата на Република Македонија. Во една од препораките Комитетеот наведува:

Комитетот ја забележува 24-часовна бесплатна СОС телефонска линија за деца и млади што ја води една Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, но е загрижен дека таа нема долгорочна финасиска подршка и за тоа дека е достапна само преку конкретен телефонски оператор и не е достапна преку мобилен телефон.

Комитетот препорачува Македонија да го осигури континуитетот вклучувајќи и со одделување соодветни средсва, за бесплатна 24-часовна линија за помош да го прошири незиниот капацитет за примање на повици од сите телефонски оператори, да и го додели линијата усогласениот шестоцифрен број и да ја признае како извор на податоци и информации за политиките и законите за правата на детето и како алатка за интервенирање и спречување.

Се апелира до претставниците на Владата, локалната самоуправа, телекомуникациските служби и социјално одговорните бизнис партнери финансиски да ги поддржат СОС линиите кои им помагаат на децата.