Унијата на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид организра хуманитарна акција за помош на настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.
Оттаму ги повикуваат сите хумани луѓе да донираат облека, ќебиња, средства за хигиена и конзервирана храна.
Истите можат да достават во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид во деновите недела(18 мај), 19 (понеделник) и 20 мај(вторник) од 18 до 20 часот.
„Унијата на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид ќе ја покаже својата хуманост, да им помогнеме на нашите пријатели!“- велат тие.