Приведени 10 албански државјани

На 16.05.2014 година во времето од 05,00 до 08,00 часот од страна на УПС од ПС за ГП„Франгово“ при акциска контрола за престој и вработување на странски државјани во селата Радолишта и Франгово, приведени се 10 албански државјани. Лицата се предадени на полициски службеници од ОПКМСР-Струга за понатамошна постапка.