Македонските „Тигри“ ќе помагаат на терен во Србија

Со одлука на Владата на Р. Македонија, Министерството за внатрешни работи утринава испрати една чета составена од 15 припадници на Единицата за специјални задачи „Тигар“, обучени за спасување во вонредни околности. Освен нив, согласно владината одлука, на српските власти ќе им биде ставен на располагање и еден полициски хелихоптер МИ 17, како и персоналот од седуммина вработени во хелихоптерската единица кои го опслужуваат воздухопловот. Според предвидениот план, 24-те полициски службеници треба да слетаат на аеродромот во Белград, од каде што ќе бидат ставени на располагање на српскиот кризен штаб, а ќе бидат сместени во простории на српските хелихоптерски единици.

download

Ист контингент со 15 припадници на Единицата за специјални задачи „Тигар“, во текот на вчерашниот ден се упати кон Брчко, Босна и Херцеговина, како одговор на барањата и насоките од тамошниот кризен штаб. Од денеска тигрите кои се специјално обучени за нуркање и алпинистички задачи, им се целосно на располагање на босанските власти и можат да се приклучат на спасувачките операции.
download (1)