Започна реконструкцијата на дрворедот по ул. „Партизанска“

ЈП „Охридски Комуналец” денес започнa со најавената реконструкција на дрворедот по ул. „Партизанска“. Постоечките дрвја на оваа улица ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм.

„Искуството со дрворедот по ул. „Димитар Влахов“ покажа дека овие дрвја кои имаат декоративен изглед се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длобок корен.“– велат од јавното претпријатие.

 Активностите на претпријатието продложуваат и во наредните 3 дена. Од ЈП „Охридски Комуналец“ со  апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила на ул „Партизанска“ во времетраење од 06.00 час-12.00 часот по следната динамика:

  * вторник – 20-ти мај: потег Факултет „Св.Апостoл Павле“ -Полигон;

 * среда – 21-ви мај: потег Полигон- Католичка црква;

 * четврток – 22-ри мај: потег Католичка црква-Комерцијална банка.

WebOhrid