Од полноќ поевтинуваат бензините, дизелот останува со иста цена

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат од половина до еден денар за литар, а цената  на дизелот ќе остане иста и во следните 14 дена, вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС-95 поевтинува за еден денар и ќе чини 79 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-98,  се намалува за 0,5 денари и ќе се продава по 80 денари за литар.

Еуродизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат со досегашните цени – 67,5 односно 56 денари за литар.

За 0,782 денари поскапува мазутот, и еден килограм ќе чини 40,492 денари.