Хидролошка состојба во Македонија – Центар за управување со кризи

Од Управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека зачестените врнежи кои падна на територијата на нашата земја како и на териториите во соседните земји од северната страна чии сливни подрчја ги потхрануваат нашите водни тела, овозможија прираст на водостоите на сите водотеци.

„Со оглед на тоа дека речните корита имаат сеуште доволно простор да примаат води, а врнежите не се долготрајни, односно се со прекини и согласно временската прогноза особено спрема тоа какви врнежи и во кои подрачја се очекуваат да наврнат во деновите кои следат, произлегува дека како најранливи подрачја во поглед на можни излевања се: подрачјата на сливот на р. Струмица, р. Пчиња – Кумановскиот регион и сливот на р. Брегалница. Во изминатиот период во овие подрачја се забележани најголеми количини на врнежи и затоа сметаме дека е потребно да се обрне поголемо внимание во овие области.“– велат од  Центарот за управување со кризи.

Денес претпладне и околу пладне на повеќе места ќе има зголемена облачност, а локално ќе има краткотраен дожд, во југозападните делови проследен со грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб северен ветер. Утре ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачост. Во наредните три дена четврток, петок и сабота не очекува сончево време со мала до умерена облачност.