Мартин Мурговски од Охрид ја претстави гимназијата на натпреварите по англиски јазик во Италија

На 11 и 12 мај во Лидо ди Јесоло, Италија се одржа финалето на меѓународниот HIPPO натпревар за англиски јазик, организиран од Global Hippo, EDI (Education Development International) и Pearson. Во финалето учествуваа 74 ученици од 8 држави. Организаторот истакна дека сите тие се победници, бидејќи се најдобри во конкуренција од 11500 ученици кои учествуваа во прелиминарниот дел. Во финалето учествуваше Мартин Мурговски, под менторство на проф. Ана Топенчарова-Коваческа кој достојно ја претстави гимназијата и освои осмо место во својата категорија, за што ќе добие меѓународно признат Сертификат за англиски јазик.

„Голема благодарност до Општина Охрид која финансиски го помогна патувањето на нашиот ученик. Дека навистина станува збор за ученик со големо познавање на англискиот јазик, покажа уште еден успех на Мартин само 4 дена по успехот во Италија.“– информираат од училиштето.„

На Државниот натпревар за англиски јазик кој се одржа на 17 мај во Скопје Мартин Мурговски го освои второто место.