И Младинската организација при ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ со хуманитарна акција за погодените подрачја во Србија и БиХ

Во рамките на хуманитарната акција за помош на Србија и Босна и Херцеговина, погодени од катастрофалните поплави и Младинската оранизација при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ организираше собирање на храна, облека, средства за хигиена и вода.

„Поради временските непогоди кој ги зафатија Србија и Босна и Херцеговина Локалната младинска организација при ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид организира хуманитарна акција, со цел да се соберат хуманитарни средства да му се помогне на Србија и Босна и Херцеговина. Изминативе денови се собрани голем дел на хуманитарни средства како што се: флаширана вода, пелени, бебешка храна, нова облека, обувки, ќебиња и други хигиенски средства. Тие средства ќе бидат предадени во магацинот на Црвен крст-Охрид на ул. 15-ти Корпус (кај новата автобуска станица). “– изјави за WebOhrid, Александар Гугоски – член на Младинската организација при ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид. 

Ангелче Андриоски