По четврти пат ќе се одржи Фолк Фест Спасовден во Лескоец

И оваа година по четврти пат ќе се одржи фестивалот Фолк Фест Спасовден на 29 мај во Охрид,  поточно на стадионот во Лескоец.

Фестивалот годинава има подршка од општина Охрид. На него ќе учествуваат 30 фолк изведувачи, а како што велат организаторите на конкурсот биле пријавени 60 изведувачи.

„Овој фестивал е ревијален се пејат изворни народни песни. а половина за првпат ке бидат новокомпонирани се разбира со чист Македонски звук, освен од Македонија и оваа година ќе има  изведувачи од Бугарија, Германија,  Швајцарија и Србија,“– истакнуваат организаторите.

Фолк имиња што ќе настапат се Елена Велевска, Татијана Лазаревска, Сања Петковска, Тања Јовановска, Благојче Стојановски- Туше,  Ирена Спасовска, Новица Василевски, Маестрал, Елена Јовческа, Фаворити, Раина, Борче Наумовски, Благица Павловска и други.

Организаторите годинава очекуваат над 5000 посетители.

„Освен најавените изведувачи ќе има изненадување на фолк име од Бугарија, минатата година изнанедувањето беше бугарската пејачака Раина.“- додаваат оттаму.

spasovden poster konecen