ОУ „Григор Прличев“ – Охрид се вклучи во хуманитарната акција на Црвениот крст по појавата на природната катастрофа –поплава, која ги зафати Србија и БиХ

Денес ОУ „Григор Прличев“ организира акција за собирање на помош за настраданите од поплавите во Србија и БиХ.

„Одзивот на акцијата е голем и ќе трае во текот на целиот работен ден. Нашите ученици со големо внимание и љубов донесоа: конзервирани и трајни прехрамбени производи, флаширана вода за пиење, храна за бебиња, средства за хигиена, облека, обувки, кебиња итн. Многу е важно што кај учениците се развива свеста за солидарност, да се даде помош во моменти кога на човек му е најпотребна, да се сочуствува со туѓата болка, да се размислува за природните катастрофи како нешто што може да му се случи на секого и секаде, но токму човечкото во нас истите може да ги ублажи. Подадената рака е утеха.“– велат од училиштето.