Царинската управа на Република Македонија традиционално како и секоја година и овој пат активно се вклучи во акцијата „Ден на дрвото –Засади ја својата иднина!“ која се одржа на 2 декември 2015 година.
Под мотото „Засади успех“, царинските службеници на сите гранични премини во државата организираа акции за засадување на садници и заедно со претставници на пограничните служби и локалните власти од соседните земји, засадија околу двестa дрвца.
Царинската управа е дел од сите досегашни акции на „Ден на дрвото –Засади ја својата иднина!“ давајќи свој придонес во заштита на здравјето на луѓето и истакнувајќи ја заложбата за заштита на животната средина.