По повод одбележувањето на Денот на Власите во Р.Македонија, 24-та и продолжението од 23-та седница на Советот на Општина Охрид кои беа закажани за утре, се одложени за во понеделник.
„Ве информираме дека дваесет и четвртата седница е одложена на барање на советникот Јоне Станкоски од ВМРО – НП, кој е припадник на Влашката етничка заедница, со образложение дека утре 23 мај се одбележува Денот на Власите во Република Македонија, одложена е дваесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид“. – стои во дописот од Одделението за односи со јавност при Општина Охрид.
Дваесет и четвртата седница е закажана за понеделник 26 мај со почеток во 12 часот и 30 минути, а продолжението на дваесет и третата седница е закажано за истиот ден во 13 часот.