ODW ELEKTRIK наскоро почнува со работа во Охрид

На  крајот од месец август или на почетокот  од  септември  германската компанија која произведува  електрични инсталации за најпознатите автомобилски брендови  Мерцедес, Порше, БМВ и Фолсваген ,“ODW ELEKTRIK“  почнува со  своето производство во Охрид.

По тој повод денес Градоначалникот Никола Бакрачески имаше работна средба со еден од сопствениците и дел од менаџерскиот тим на компанијата. На средбата се разговараше за финалните  подготовки  и за евентуалната помош  односно  олеснувањето кое Општина Охрид   ќе и го  даде на оваа позната германска фирма.

„Јас сум среќен што како менаџмент на “ODW ELEKTRIK“, одлучивте да го развивате својот бизнис кај нас. Како Локална Власт и јас како градоначалник сме подготвени за секаква помош што мислите дека можеме да ви ја дадеме. Стоиме зад сето она што на претходните работнои средби сме го ветиле. Односно, наша грижа ќе биде да обезбедиме  транспорт на работно ангажираните лица  во вашата фирма.  Навремено ќе биде изработена и планската документација  за проширување на објектот за што сте во план. Остануваме на ветеното дека ќе ја олесниме соработката со Средното стручно училиште ОЕМУЦ “СВ. Наум Охридски“, за извршување пракса и едуцирање кадар за потребите на вашата компанија. Стоиме и на  располагање за изведување на инфраструктурните  работи околу изградба  на објектот кој ќе го градите“, рече Бакрачески.
ELEKTRIK4852

На самиот  почетокот, во фирмата ќе бидат вработени 30 лица. За таа цел претставниците  на менаџерскиот тим на германската компанија  веќе  спровеле интервју на потенцијалните кандидати за вработување. Прво вработените , ќе бидат  испратени  на работна обука од 2 до 4 недели во фабриката на „ODW ELEKTRIK“ во Украина, и тие ќе бидат идните едукатори за наредните вработени лица. ELEKTRIK3

Според најавите  ODW  ELEKTRIK најпрвин ќе работи во постоечкиот објект во Охрид, а потоа ќе започне со градба на нов објект во слободната економска зона, лоцирана во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“  каде се планира да се  вработат  околу 1.000 лица.