Одржана трибина на Здружението на Власи „Луњина“ – Охрид по повод Националниот ден на Власите

Здружението на Власите Луњина Охрид, вечерва одржа трибина по повод 23 мај- Националниот Ден на Власите на која присуствуваа поголем дел припадници на влашката заедница од Охрид од различни генерации.

На трибината претседателот на Здружението Драги Коровешоски истакна дека е голема придобивка што власите можат да го прослават својот ден и што сеуште можат да го чуваат својот фолклор ,јазик и други културни обележја. Тој најави дека до Локалните власти ќе достави програма и предлог за добивање на просторија за седиште на задружението на власи кои би се користело и како библиотека и како можност за изучување на влашкиот јазик.

TribinaVlasi02

Јордан Трца пред присутните говореше за значењето на Ирадето со кое во 1905 година е извршено признавањто на влашкиот народ како посебен народ и за последицит од таа Одлука во рамките на Отоманската империја. Тој посочи и на имињата на голем број Власи кои учествувале и учествуваат во политичкиот, културниот и економскиот живот во балканските држави и  посебно во Македонија.

TribinaVlasi03

Трибината ја поздрави и Дејан Пановски, претседател на Комисијата за одбележување на празници и манифестации при Советот на Општина Охрид кој истакна дека Власите биле и треба да се дел од просперитеот на Охрид во секоја од порите на општеството и дека и сега во Советот има двајца декларирани Власи , советниците Јоне Станкоски и Дејан Пановски.