Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, оствари средба со Роберт Секута, главен заменик помошник на државниот секретар за енергетика на Соединетите Американски Држави.
На средбата стана збор за соработката во областа на енергетиката помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави и можностите за понатамошно унапредување на истата.
Беа разменети мислења и информации за поголем број на енергетски проекти и опциите и перспективите за нивна понатамошна имплементација.
Соговорниците разговараа и за можностите за соработка на полето на инвестициите во енергетиката и обезбедувањето на извори на средства за реализација на енергетски проекти.
Беше оценето дека поволната бизнис клима која постои во Република Македонија нуди соодветна подлога за реализација на инвестиции во енергетиката.
Беше опфатена и темата за поддршка на технолошкиот развој во областа на енергетскиот сектор.
На средбата се разговараше и за проектите за промоција на енергетската ефикасност и фондовите за поддршка во оваа област.