Охридските јавни претпријатија „Охридски Комуналец“ и „Градски гробишта“ денес започнаа акција на партерно и хортикултурно уредување на неколку локации низ градов: „Холандскиот парк“, „Горна Порта“ и внатрешноста на Самуиловата тврдина. Посебна грижа ќе се води и за неодамна засадениот дрворед на улицата „Партизанска“.
По тој повод, утрово на терен, раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски им даваше инструкции на директорите на овие две јавни претпријатија во однос на работните активности кои се очекува да завршат за околу една недела.
Во акцијата ќе се чисти и средува холандскиот парк кај споменикот на ден Долар, каде ќе се поправаат поставените и демолирани надворешни фитнес велосипеди. Исто така ЈП „Охридски Комуналец“ ќе води посебна грижа за од неодамна реконструираниот дрворед по улицата „Партизанска“. Во акцијата е опфатен и влезот во стариот дел на Охрид кај „Горна порта“ кој ќе биде осветлен и хортикултурно уреден. Ќе се чисти и ќе се разубавува со цвеќе и зеленило и внатрешноста на Самуиловата тврдина.