Виолета Мицкоска е новиот член во Советот на општина Охрид

Виолета Мицкоска е новиот член во Советот на Општина Охрид од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, која доаѓа на местото на Томислав Тунтев, беше именувана и за претседател на Статутарно-правната комисија и член на Комисиите за јавни и комунални дејности и за месна самоуправа. Мандатот на Тунтев беше одземен откако тој стана дел од Собранието на Република Македонија.

VioletaMickoska02

На денешната дваесет и четврта седница на Советот на општина Охрид  беа усвоени точките: предлог одлуката за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид, предлог решение за именување Претседател на Статутарно-правната Комисија,  предлог решение за именување член во Комисијата за јавни и комунални дејности и предлог решение за именување член во Комисијата за месна самоуправа.

WebOhrid