Според студијата на Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД, Германија е на второто место, по Америка, како најпосакувана дестинација за преселба. Во 2012 година во државата се преселиле 400.000 луѓе. Така Германија се најде и пред традиционалните и класични доселенички држави, како Канада или Австралија.
Германските медиуми пишуваат дека без претерување може да се зборува за доселенички бум во земјата.
Извор: Нет Прес