Дански културен настан во Охрид

Општина Охрид и НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид заеднички организираат концерт на „Хорот Копенхаген” од Данска.

Концертот ќе се одржи на 29-ти Мај (Четврток) со почеток во 18:00 часот во Центарот за култура во Охрид. Влезот е слободен.

Хорот Копенгаген е формиран во 1951 година и има богато концертно искуство. На Програмата се дела од скандинавски автори, како и на Хендл и Вивалди. На концертот ќе настапи и Градскиот Хор од Охрид.